Цврст или течен сапун? Кој е побезбеден и поквалитетен?

Сподели со своите пријатели
Кој сапун подобро ги дезинфикува рацете, течниот или цврстиот? Ова пшрашање сигурно барем еднаш сте си го поставиле, размислувајќи за одржувањето на личната хигиена и зачувување на здравјето. Цврстиот сапун покрај лавабото често минува низ рацете на многумина, поголем дел од оние неизмиените. Сепак, нема место за паника затоа што и покрај тоа бактериите не се шират понатаму, тврди директорот на германскиот Советодавен центар за хигиена др. Ернест Табори во списанието „Good Heatlh“, а пренесува Берлин.де. Во теорија, секој кој користи сапун ги остава своите бактерии на него, но тој не е плодно тло за нивното разможување. Иако некое време остаунваат на сапунот, бактериите не живеат долго. Цврстиот сапун затоа не е нехигиенски како што се сметало, истакнал овој германски лекар. Што се однесува до течниот сапун, бактериите не се собираат на самиот сапун, туку на неговата пумпа. Нечистоиите на тврдиот и течен сапун се занемарливи ако темелно ги измиете рацете веднаш по добир со сапунот. Значи и цврстиот и течниот сапун можат да се користат без никаков страв, важно е само да се користи или едниот или другиот вид сапун.