Најскапите лежалки во Црна Гора дефинитивнос е на кралската плажа и Милочер каде закупување лежалка за еден час со чадор веќе неколку години наназад чини 120 евра.
За разлика од Кралската плажа, на Милочер ви е загарантирана целосна приватност, па со прошетка по Милочерскиот парк не можете ниту да ѕирнете што се случува на плажата.
Дури дваесетина евра помалку изнајмувањето лежалки и чадори чини на хотелската плажа на Свети Стефан, односно „плажата на кралицата“, која е бесплатна за гостите на хотелот.
На Могрен лежалките чинат 25 евра, што е вообичаена цена на целата ревеира во Будва. Истата цена е и на Пржно, а на Каменово за некои 5 евра поевтино.
На Јаза можете да најдете лежалка веќе од 10 евра за да во локалот покрај патот цената оди веќе до 35 евра.
Она што е интересно е дека оваа година цените на лежалите во Будва по 17 часот ќе бидат бесплатни.
Интересно е што цената на сет лежалки со чадор е двојна, ако не и тројно пониска во Улцињ.
На пример, во Добри води и Утјеха лежалките чинат од 5 до 10 евра, а во самиот Улцињ често се по пет евра.
На Луштице, односно плажата „Сини хоризонти“ сет лежалки со чадор чини 20 евра.
Во Бококоторскиот залив просечната цена за лежалки е од 10 до 15 евра, зависно од местото во кое летувате, иако таму не е популарен ваков вид престој на плажа.