Жарко Пејановиќ е победник на 12. натпревар во лежење, кој традиционално се одржува во Црна Гора во етно селото Црна Гора, недалеку од Никшиќ.
Пејановиќ издржал 60 часа лежење и освои 350 евра за трудот, рафтинг, викенд во етно селото, ручек за двајца во ресторан во Подгорица и уште многу спонзорски награди.
„Не беше тешко. Верувајте ми, дури не се ни загреав“, изјавил тој.
„Кога друштвото доаѓа да ги поддржи конкурентите, тоа е забавно, но најголемата грешка е кога доаѓа нечие семејство. Кога доаѓа нечие семејство, тешко е да не станете“, објасни тој.
Дубравка се уште го држи рекордот во лежење
Да потсетиме, во големото финале на натпреварот за титулата „најголем мрзливец“ покрај Жарко настапи и Вук Кољеншиќ кој го освои второто место.
Необичниот натпревар се организира дванаесетта година по ред, а девет натпреварувачи од Подгорица, Даниловград и Белград се обидоа да го соборат рекордот од 117 часа лежење годинава.
Сепак, се чини дека ќе треба да почекаме барем уште некоја година за да се собори рекордот, кој лани го постави Дубравка од Подгорица.