Четврта жртва на тешката сообраќајка кај кичевското село Колари. Врз лицето кое било згрижено во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид била извршена реанимација и транспорт кон скопскиот Клинички центар, но на патот кон Скопје починало.
Како што информираше денес МВР, вчера околу 18,00 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај с.Колари се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Волво“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Деар А.(1987) од с.Зајас-Кичево и ТМВ„Форд Конект 220“, управувано од В.А.(1984) од с.Горно Свиларе-Скопје.
Во незгодата на лице место починале сопатниците на ПМВ„Волво“ бебе и 3 годишно дете, а додека Деар А. и Амзи И.(1969) од с. Д.Свиларе-Скопје, кој бил сопатник во ТМВ, починале на пат кон болница., а со ТТП се здобила А.Х. (1989) и возачот од ТМВ В.А., по што истите се пренесени во УЦ-Скопје.
Увид на лице место извршиле ЈО и увидна екипа на ПС-Кичево. За време на вршење на увидот сообраќајот на наведениот патен правец се одвивал наизменично по една коловозна лента, а во 21,30 часот е нормализиран.