Циришкото езеро на историски ниско ниво: Најнизок водостој во последните 75 години

Сподели со своите пријатели

Нивото на Циришкото езеро, на север од Швајцарија, денес беше на најниско ниво во последните 75 години, според податоците од Федералната канцеларија за животна средина (OFEV).

Нивото на водата во Циришкото езеро моментално е 404,45 метри надморска височина на мерната станица на федералната влада кај Цириххорн.

Ова го собори претходното рекордно ниско ниво од 1952 година, кога беше измерено на 405,46 метри, објави порталот Swissinfo.

Како што објави OFEV, Швајцарија се соочува со силна суша од пролетта, со врнежи далеку под просекот, а температурите честопати ги надминуваат нормалните вредности за сезоната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Седум лица загинаа во хеликоптерската несреќа во Кенија, меѓу кои и петмина Американци