Чудо во Колумбија: Четири деца пронајдени живи во џунгла 15 дена по авионска несреќа

Сподели со своите пријатели

Четири деца, вклучително и 11-месечно бебе, се пронајдени живи повеќе од две недели откако авионот со кој патуваа се урна во густа џунгла во колумбиската провинција Какета.

Loading...

Децата биле спасени од припадници на војската, пожарникари и претставници на цивилната авијација по двонеделна потрага.

Спасувачите, поддржани од кучиња трагачи, претходно пронашле фрлено овошје кое децата го јаделе за да преживеат, како и импровизирани засолништа направени од вегетација од џунгла.

Несреќата се случила на почетокот на мај, кога авионот „Цесна 206“, во кој се превезувале седум лица меѓу Аракуара, провинцијата Амазонас и Сан Хозе дел Гуавијаре, град во провинцијата Гуавијаре, се урна во џунглата.

Тројца возрасни лица, меѓу кои и пилотот, загинале како последица на падот, а нивните тела биле пронајдени во авионот.

Четири деца на возраст од 13, девет и четири години, како и едно 11-месечно бебе, кои припаѓаат на домородното население Уитото, ја преживеале авионската несреќа.

„По макотрпна потрага на нашата армија, најдовме живи четири деца кои исчезнаа по авионската несреќа во Гуавијаре“, објави колумбискиот претседател Густаво Петро во објава на Твитер.

Џунглата е многу густа и опасна во таа крајно оддалечена област, а потрагата беше отежната поради присуството на диви животни, дрвја високи и до 40 метри и обилниот дожд.

Loading...

Причините за несреќата сѐ уште не се утврдени.

Според цивилната заштита, пилотот пријавил проблеми со моторот на авионот пред да исчезне од радарот.