Замислете и не знаејќи, за време на едно возење случајно да влезете во село во кое 50 отсто од жителите се осудени педофили.
Веројатно би се вратиле во рикверц за да што побрзо го напуштите подрачјето. Тоа го прават и поголемиот дел од Американците додека се приближуваат во селото Мирикл (Чудо) на Флорида, заедница во која се сместени над 100 педофили.
Селото од далечина изгледа како заспиено и скоро идилично селце, но во себе крие страшна тајна, неговите жители немаат никакво право до крајот на животот да се вратат во „нормална“ заедница, па вака изгледа како всушност да се протерани. И навистина се.
„Ме лажеше дека има 18 години, бев наивен„
Проблемот со жителите на Мирикл е што сите на прв поглед излгедаат „номрално“ и скоро сите велат дека се неправедно осудени. Некои се колнат дека се им е подметнато.
Крис Досон вели дека е осуден и протеран во Мирикл откако имал секс со 14-годишно девојче за кое тврди дека при односите рекло дека има 18 години.
60 педофили силувале 13-годишно девојче, ја убедиле дека тоа е нормално
– Немав претстава колку години има. Ме лажеше и имаше лажна лична карта. И нејзините пријателки велеа дека има 18 години. Поверував, бев наивен. Мислам дека заслужувам нова шанса да живеам нормален живот, вели Крис кој пред егзилот свирела во една локална група.
Крис во локалната црква во Мирикл успеал да пронајде нова девојка Лекси (25) која знаела дека е осуден педофил уште кога се запознале.
Таа признава дека на почетокот се мислела што да прави, но одлучила на Крис да му даде шанса. Кога го запознала малку подобро сфатила дека не направила грешка.
Близок соработник на Папата предозиран на хомосексуални оргии
Луси (33) бил приведен кога имал 18 години и се обидел да има секс со 9-годишно девојче. Вели дека сакал да го преместат во Мирикл за да добие нова шанса за живот.
И педофилите се луѓе, но не смеат да имаат деца
Локалниот свештеник Дик Витроу во 2009 година сфатил дека мора да напраив гратче за луѓето кои ги прогонува заедницата. Дознал дека постои Мирикл во кое дотогаш живееле работници на блиската шеќерана со семејствата.
Со помош на државата нив успеал да ги помести во околните градови и да направи село „легло на педофили“.
– И тие се луѓе. Некаде мора да живеат и да допринесуваат во заедницата, најчеста е реченица на поменатиот свештеник.
Еве колку е лесно за педофил да намами дете преку Фејсбук (видео)
Сепак, Мирикл има еден проблем. Доколку во него живеат брачен пар или обичен пар, не смеат да имаат деца. не само поради самите себе, туку пред се поради опасното соседство.
Поради случани или намерни минувачи, пред секоја куќа има табла со податоците на осуденикот – негово име и причина поради која е осуден.