Чудо од природата: Ова се лековитите својства на лавандата

Сподели со своите пријатели

Нашите баби ги ставаат сувите цветови од ова растение во плакари за да мириса поубаво гардеробата. Покрај оваа намена, исушените цветови се користеле и за растерување на досадни инсекти како што се комарците.

Loading...

Од ова растение се прават чаеви, есенцијални масла, капки, купки, омекнувачи, но се користи и за инхалација. Етеричното масло од лаванда нема никакво штетно дејство, може да го користат и постарите и помладите, а ефикасно е за многу тегоби и болести.

На што поволно делува лавандата?

 

 

Доколку не сте знаеле, лавандата е одличен сојузник во борбата против алергии, астма, бронхитис, болки во грлото, орални инфекции, кашлица, синузитис, конјунктивитис, мигрена, главоболки, изгореници, исеченици, депресија, стрес, хипертензија, лошо здив и со варење.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кои промени ќе се случат во организмот ако нагло престанете да пиете кафе?

Лавандата има и силни антисептички својства. Маслото од лаванда може да биде одлично средство за дезинфекција и добра замена за алкохолот. Покрај тоа, лавандата може да ја смири иритираната кожа – затоа се препорачува како природен лек за мрсна кожа, акни, псоријаза, егзема и дерматитис.

Помешано со други билки како камилица или рузмарин, неговиот ефект ќе биде зајакнат.

Loading...