Човек со дете во раце скоро половина час висел над базен со алигатори (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неодамна на социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како човек со дете во прегратка, стои заглавен на зиплајн и тоа над базен полн со алигатори.

Инцидентот се случил во забавниот парк „Гаторленд“ во Орландо, Флорида, а човекот со детето така висел скоро половина час, додека вработените успеале да ги симнат.

– Стварно мислите дека имате лош ден? Дозволете да ви покажам што е лош ден, рекол мажот кој го забележал инцидентот.

Не би сакале да имате близок контакт со овие животни (фото)

Loading...

Како што рекол менаџерот на овој забавен парк, луѓето прилично често заглавуваат на зиплајнот, како и дека таткото и детето не биле во опасност.

Мажот кој со детето овој пат заглавил на зиплајн, висел на 12 метри над базен во кој се наоѓаат алигатори.

Според менаџерот, ветерот е најчестата причина поради која заглавуваат луѓето, а обично времето за симнување на оние кои ќе се заглават е од 10 до 15 минути.

https://www.facebook.com/stewtv/videos/2553151568044502/

Leave a Reply