Членовите на акцијата „Заслужуваме подобро“ на градскиот плоштад разговараа со граѓаните (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Со иницијатива и подршка на неформалната коалиција „Граѓаните за Македонија“ денеска на градскиот плоштад членовите на акцијата „Заслужуваме подобро“ се сретнаа со граѓаните и разговараа за она што ним најмногу им недостасува во државата.

Loading...

DSC_0003

Акцијата се залага за промени во општеството, но преку правата и потребите на граѓаните за промена на начинот на упарвување со државата.

Со нашите активности ќе ја исполниме празнината што се создаде меѓу активностите на политичарите, договорот од Пржино и реалните барања и секојдневието на граѓаните – изјави Сања Богатиновска член на акцијата.

 

Се залагаме за дигање на свеста кај самите граѓани дека ти се тие што всушност ќе одлучуваат и ќе ги носат политиките и бираат политичарите, затоа и одиме со паролата „Заслужуваме подобро“, бидејќи ние бираме и сметаме дека ние заслужуваме подобро – изјави Љуми Бекир, активист на „Заслужуваме подобро“.

Со неколку штандови на повеќе локации вбо градот тие ќе ги презентираат своите видувања пред граѓаните, но исто така и ќе разговараат и примаат сугестии за да се изборат за подобрување на животот на граѓаните.

DSC_0002