Член на тимот на Ројтерс е убиен во Украина, двајца новинари во болница

Сподели со своите пријатели

Членот на тимот на новинската агенција Ројтерс, кој известуваше за војната во Украина, Рајан Еванс (38) е убиен, а двајца новинари на Ројтерс се повредени во напад на хотел во градот Краматорск на истокот на Украина, соопшти новинската агенција.

Loading...

Еванс, кој работел како советник за безбедност во агенцијата, бил убиен во саботата кога проектил го погодил хотелот Сафир, каде што престојувал шестчлен тим на Ројтерс, соопшти агенцијата.

Двајца новинари кои биле повредени во нападот се во болница, а еден од нив е тешко повреден.

Еванс, поранешен британски војник, работи во Ројтерс од 2022 година како советник за безбедност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД објавија продажба на борбени авиони Ф-35А на Романија

Останатите тројца членови на тимот на Ројтерс кои биле во хотелот во моментот на нападот се безбедни.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата изјави дека хотелот бил погоден од руска ракета Искандер, која има дострел од 500 километри, и дека нападот бил однапред смислен.

Руското Министерство за одбрана не одговори на барањето на Ројтерс за коментар, а агенцијата наведува дека не може самостојно да потврди дали се работи за намерен напад на зградата.

Регионалното обвинителство на регионот Доњецк претходно соопшти дека во урнатините на хотелска зграда во Краматорск е пронајдено тело на британски државјанин.

Loading...

Како што е наведено, хотелот бил погоден во саботата вечерта, најверојатно од проектил Искандер-М.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина и Русија разменија воени заробеници