Четвртина од светското население живее во конфликтни зони

Сподели со своите пријатели

Четвртина од светското население – две милијарди луѓе, живее во конфликтни зони и светот се соочува со најголем број насилни конфликти од крајот на Втората светска војна, во 1945 година, предупреди генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Loading...

Тој ги спомна конфликтите во Јемен, Сирија, Мјанмар, Судан, Хаити, како и актуелната војна во Украина.

 

Зеленски предупреди на нова руска офанзива во источна Украина

 

Гутереш на состанокот на Комисијата на ОН за градење мир, одржан вчера, изјави дека минатата година 84 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови поради конфликти, насилство и кршење на човековите права.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силен земјотрес ги погоди Филипините

Обединетите нации, според генералниот секретар, проценуваат дека најмалку 274 милиони луѓе ќе имаат потреба од хуманитарна помош оваа година, што е зголемување за 17 отсто во споредба со 2021 година.