Кошаркарскиот клуб ”Куманово” на вчерашниот натпревар во Финска, го забележа четвртиот по ред пораз во рамките на натпреварувањата од петтото коло на ФИБА ЕВРОКУП, со резултат 88:82 од тимот на КТП Баскет.
Loading...
Со загубата, Куманово ги загуби шансите за освојување на второто место на табелата во групата Ј.
Најефикасен на натпреварот беше домашниот играч Ламб Отреј со 25 поени, додека кај КК Куманово, Александар Костоски реализираше 23, а Урош Луковиќ имаше 19 со 9 скокови.
Во последното коло од групата, Куманово на домашен терен ќе игра со полската екипа Роса Радом, која е во позиција да го освои 2 – то место зад лидерот Турк Телеком.