Четворица цивили повредени во украинското гранатирање на Белгород

Сподели со своите пријатели

Четворица цивили се повредени во украинското гранатирање на градот Шебекино и селото Нова Таволжанка во Белгородската област, изјави гувернерот на овој регион во Русија, Вјачеслав Гладков.

Loading...

Тој изјави дека во Шебекин се оштетени прозорците на две станбени згради, пет куќи и осум автомобили, пренесува РИА Новости.

Оштетени се и енергетскиот објект, гасоводот и напојните водови, па дел од градот е без струја, додаде Гладков.

Регионот Белгород се наоѓа на западот на Русија, на границата со Украина, а од почетокот на рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година, често е цел на гранатирање на украинските сили, пренесува Танјуг.