Четири прашања кои мажите никогаш не сакаат да им бидат поставени

Сподели со своите пријатели

Овие прашања никогаш не треба да ги поставувате на вашиот дечко ако сакате вашата врска да успее.

Loading...

1. Мислиш ли дека сум дебела?

Трик прашање што ги застрашува мажите, затоа што ниту еден одговор најверојатно нема да биде задоволителен. Ако ви каже дека не сте, постои можност дека нема да му поверуватеи и ќе се лутите. Ако тој се осмели да биде искрен, и рече дека сте, ќе се лутите повторно бидејќи веќе не ве смета за привлечна. Покрај тоа, мажите ги привлекуваат жени кои имаат самодоверба и ова прашање ве тера да изгледате несигурно.

2. Каква беше твојата поранешна девојка?

Пред да го поставите ова прашање, размислете за вашите мотиви. Дали се обидувате да утврдите каков тип на жена го привлекува или сте само љубопитни? Да не станува збор за љубомора, дали ви пречи дека сакал некого пред вас?

Откако ќе ја утврдите причината, размислете дали тоа е навистина важно. Ако не е со неа, туку со вас, зошто е важно каква била? Нивната врска не успеала причина, тоа е сè што треба да знаете.

3. Дали ќе ми се јавиш кога ќе стигнеш таму/пред спиење… итн?

Прашања како овие им делуваат како да се сомневате дека тие навистина одат таму некаде или дека навистина се вратиле дома во одредено време. Мажите немаат ништо против „известување“, но само ако сметаат дека тоа не е нивна обврска.

Loading...

Ако во почетокот не се буни, тој сигурно ќе се побуни подоцна. Оставете го самиот да одлучи кога ќе ви се јави. Ќе се чувствувате многу подобро кога ќе знаете дека тоа го прави од љубов или затоа што му недостигате, отколку затоа што е „под присила“.

4. Како ја гледаш нашата врска за десет години?

Кога станува збор за љубовта, треба да знаете дека мажите никогаш не прават долгорочни планови. Тоа не значи дека тие не сакаат вашата љубов да трае, но најверојатно е дека тие се задоволни од тоа како тече вашата врска и само сакаат тоа да продолжи.

Leave a Reply