Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден било пријавено дека на бензиската пумпа „Руле Турс“ кај с.Смоквица, гевгелиско, две непознати лица – странски државјани пријавиле дека е извршено разбојништво врз нив.
Полициски службеници излегле на местото на настанот при што било констатирано дека се работи за двајца државјани на Мароко Р.Ј. и А.Б., кои илегално ја преминале македонско-грчката граница.
Во близина на с.Миравци околу 22.00 часот на 07.12.2015 година на м.в.„Вирот“ биле нападнати од четири непознати сторители кои најпрво се претставиле како полициски службеници, а потоа физички ги нападнале со дрвени палки и електричен пиштол заканувајќи им се по живот, при што им одзеле околу 600 евра, два мобилни телефони и патничка торба во која имало облека.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.