Четири казни при синоќешната контрола на кумановските угостители

Сподели со своите пријатели

Четири казни биле изречени на правни и физички лица при синоќешната контрола на полицијата и  инспекциите во кај кумановските угостители.

Loading...

– Врз основа на претходно изготвен план, во периодот од 22.00 до 02.00 часот на 27/28.04.2025, полициски службеници од СВР Куманово во содејство  со инспектори од Државнито пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд извршија контрола на три угостителски објекти на подрачјето на СВР Куманово, информираат од полицијата.

При контролата, како што додаваат, извршено е легитимирање на 26 лица, а  од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се четири глоби на правни и физички лица кои работеле спротивно на одредбите од Законот за угостителство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Претежно сончево и топло

Никола Ивановски