Не е здраво да се чуваат тајните за себе и секогаш е многу подобро да се раскажат на некого кому му веруваме.
Сепак, често е тешко да се препознае кому навистина може да се верува, а кој едвај ќе дочека да ја издаде вашата тајна на другите. Сепак, астролозите сметаат дека во тоа може да ви помогне хороскопот и издвојуваат знаци во кои не би требало да имате доверба.
Овен
Овните лесно избувнуваат, а кога некој ќе ги налути, во состојба се да ги издадат и нивните најмрачни тајни само да ги повредат. Иако поради таквите испади обично подоцна ќе зажалат, нивниот брз карактер ги чини недоверливи.
Близнаци
Озборувањето на Близнаците им е омиленото хоби, затоа не им ги доверувајте тајните дури ниту ако ви се најдобри пријатели. Сепак, не им замерувајте премногу, едноставно горат од желба да дознаат нешто ново и тоа да го раскажат на другите.
Стрелец
Како и Близнаците, и Стрелците обожаваат да зборуваат и често се познати како најзборливи во друштвото. А, покрај некоја чаша алкохол зборуваат и за тоа што треба и не треба па не сте баш сигурни ако им ги доверувате своите тајни.