Како што информира Регионалниот центар за справување со кризи, во текот на последните 48 часа, екипата на ТППЕ Куманово бележи неколку интервенции на запалена сува трева.
Пожарникарите завчера гаснеа пожар во атарот на село Четирце, при што пожарот бил ликвидиран, како и пожар предизвикан од запалена сува трева на автопатот Куманово – Скопје.
ТППЕ Куманово нема информации за причината за пожарот како и за настанатата штета.
Во текот на вчерашниот ден, ТППЕ дејствуваше при пожар предизвикан од запалена сува трева во атарот на село Долно Којнаре.
Истиот ден, интервенирано е и кај локалитетот Спомен Костурница, при што пожарот предизвикан од запалена сува трева е успешно ликвидиран, јавува РЦУК во дневниот извештај.