Челник на украинска компанија за авионски мотори осомничен за соработка со Русија

Сподели со своите пријатели

Украинските власти објавија видео во кое шефот на Motor Sich, еден од водечките светски производители на авионски мотори со седиште во Запорожје, кој е осомничен за соработка со Русија, наводно вели дека „целосно разбира“ зошто е испукан руски проектил кон неговата фабрика, според Гардијан.

Loading...

Видеото беше објавено откако Вјачеслав Богуславев беше уапсен во рација викендов во неговиот дом во јужниот украински град Запорожје.

Се сомнева дека оваа компанија пред и по почетокот на инвазијата продавала мотори за руски јуришни хеликоптери кои интензивно биле користени против украинските војници.

Според „Гардијан“, видеото е „потсетник на историските врски меѓу ветераните од индустријата за оружје на двете земји и внатрешната борба на Украина за искоренување на соработниците“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

Одговарајќи на прашања на новинарите пред судот во Киев за тоа дали имал договори со компании кои работат со руската војска, Богуслаев рече дека не бил во контакт со Русите.

Неговиот адвокат рече дека Богуслаев е наглув и сѐ уште не ги слушал снимките објавени од украинските безбедносни служби.

Тој додаде дека неговиот клиент ќе го објасни својот став во текот на судењето.

Судот му одреди двомесечен притвор на Богуслаев.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.