Чеченец обвинет за воени злосторства ја предводи руската помош за жртвите во Турција

Сподели со своите пријатели

Поранешниот чеченски командант Данил Мартинов, кого Украина го бара под обвинение за воени злосторства, е водач на руската помош за жртвите од земјотресите што ги погодија Турција и Сирија.

Loading...

Данил Мартинов, според информациите на украинската служба за безбедност, бил многу близок со чеченскиот лидер Рамазан Кадиров.

Тој беше заменик лидер на чеченските сили кои учествуваа во почетокот на агресијата против Украина.

Во моментов е еден од водечките луѓе во Министерството за вонредни ситуации во Русија.

Во таа улога тој е во Турција, каде што ги предводи руските напори за помош на жртвите од земјотресот.

Украинската безбедносна служба го обвинува Мартинов дека раководел со група Чеченци кои го окупирале градот Бородијанка, северно од Киев.

Во таа окупација, по негова наредба, повеќе од 500 луѓе биле затворени во психијатриска болница, а зграда со цивили била користена како база на руската армија во тој град, што е спротивно на меѓународното право. Исто така, поединци биле малтретирани во самата болница.

Исто така, Мартинов беше одговорен за тренинг тимот кој се грижеше за обезбедувањето на Кадиров со кој имаше одлични односи.

Loading...

Меѓутоа, откако украинската војска почнала да ги одбива нападите на руските сили, а како што се дознало што се прави во окупираните области, еден од актерите кој бил повлечен на друга позиција е Мартинов.

Во рамките на новата функција во Министерството за вонредни ситуации, Мартинов престојува во Турција, јавува Си-Ен-Ен.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.