Чарлс III официјално прогласен за британскиот крал

Сподели со своите пријатели

Чарлс Трети денеска и официјално беше прогласен за нов британски крал пред Советот за пристапување во палатата Сент Џејмс во Лондон.

Loading...

Пред објавувањето на кралот, официјално беше објавено дека починала кралицата Елизабета Втора.

На објавувањето присуствуваа неговиот син принцот Вилијам и кралицата Консорт Камила, а настанот беше телевизиски за прв пат во историјата.

На советот присуствуваат поканети тајни советници, кои им служат на министрите во владата, а присутни се и сите шест живи поранешни британски премиери.

Новата британска премиерка Лиз Трас се приклучи на потпишувањето на декларацијата со која формално се признава Чарлс за крал.

Пристапниот совет, составен од членови на кралското семејство, премиерот и други високи британски политичари и надбискупот од Кентербери, се собра денеска во палатата Сент Џејмс, официјалната резиденција на суверенот, за да го прогласи кралот.

Состанокот на Советот за пристапување, церемонијално тело, има два дела – објавување на новиот монарх и потпишување на кралската заклетва за зачувување на безбедноста на црквата во Шкотска, објави Ројтерс.

Во текот на денот, парламентот треба да положи заклетва на кралот и да му изрази сочувство за смртта на неговата мајка, поранешната кралица Елизабета Втора, а новиот крал потоа треба да ги прими премиерот и премиерите, наведуваат британските медиуми.

Loading...