Неколку локации низ градот останаа без електрична енергија поради дефект во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Станува збор за дел од централното градско подрачје, населбата „Гоце Делчев“, улиците „Тоде Думба“ и „Васил Драгомански“, како и селата во липковскиот крај Матејче и Никуштак, кои без струја се од рано утринава.
Екипите на ЕВН се на терен и работат на отстранување на дефектите.