Центарот за култура ќе ги отстапи просториите за училиштата кои подготвуваат претстава

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот центар за култура ќе ги отстапи просториите за проби за учениците од основните и средните училишта, информираа денеска од установата и ги повикаа училиштата да се обратат до Центарот за реализација на претставите.

Loading...

Националната установа Центар за култура ја донесе одлуката која важи за сите основни и средни училишта во градот Куманово кои имаат подготвено или ќе подготват театарска претстава со ученици и ќе им ги отстапи големата сала и просториите за проби да може да ги користат бесплатно.

– Би сакале да ги поттикнеме учениците, наставниците да создаваат театарски претстави и делата кои ги обработуваат да ги преточат во театарска претстава, на учениците да им се понуди можност креативно да се изразат делото да го претстават на поинаков начин и да ја доживеат сцената. Центарот ќе понуди логистичка поддршка и се надеваме дека ќе имаме одзив кај учениците, дел од училиштата веќе се интересираат за претстави и се надевам дека ќе стане пракса и ќе се збогати културната понуда за помладите генерации во градот, изјави директорот на НУЦК, Сашо Тодоровски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поставена божиќната пештера на градскиот плоштад во Куманово

МИА