Центарот за јавно здравје ќе ја мери комуналната бучава во Куманово

Сподели со своите пријатели

Екипи на Центарот за јавно здравје Куманово и на секторот за животна средина од општина Куманово почнаа со септемвриското мерење на комуналната бучава во општината.

Loading...

Надлежните од Центарот за јавно здравје Куманово соопштија дека во градот мерењата и овој пат ќе се спроведат на десетина локации, при што се мери бучавата предизвикана од сообраќајниот метеж, градежните активности, угостителските објекти…

Локациите се одредени во соработка со Министертвото за животна средина и просторно планирање. Податоците од мерењето на бучавата софтверски ќе се обработат, информираат од Центарот за јавно здравје.

– Со мерењето опфатени се сите зони вклучително и тивките зони. Мерењето ќе се врши четири пати во текот на деноноќието, изјави специјалистот по хигиена, доктор Мимоза Величковски.

По завршувањето на мерењето, следуваат математички пресметки. Мерењата на комуналната бучава се спроведуваат два пати годишно, напролет и наесен. Податоците кои беа презентирани од пролетното мерење на бучавата укажуваа дека се зголемени граничните вредности, особено на најфрекфентните сообраќајници.

Добиените податоци се испраќаат до Министерството за животна средина и просторно планирање, но и до Советот на општина Куманово.