Цените на нафтата би можеле да пораснат во текот на зимата

Сподели со своите пријатели

Американците би можеле да се соочат со зголемување на цената на бензинот во зима, кога Европската унија (ЕУ) значително ќе го намали купувањето на руска нафта, најави американската министерка за финансии Џенет Јелен.

Loading...

Таа изјавила дека горната ценовна граница предложена од Западот за извоз на руска нафта била дизајнирана да ги држи цените под контрола, пренесува Сибиз.

„Тоа е ризик, а ризикот е што работиме на ограничување на цената за да се обидеме да го решиме тоа“, рече Јелен за Би-Би-Си.

Според неа, можното зголемување на цените може да се случи бидејќи ЕУ во голема мера ќе престане да купува руска нафта и ќе ги забрани услугите кои и дозволуваат на Русија да транспортира нафта со танкери.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проруски сепаратистички регион: Демонстранти насилно го окупираа парламентот, најавија рушење на владата

Ограничувањето на цената на нафтата, договорено на самитот на Групата седум (Г7), ги повикува земјите – учеснички да одбијат осигурување, финансии, посредување, навигација и други услуги на танкери кои превезуваат нафта чија цена е повисока од онаа што допрва треба да се договори за суровата нафта и нафтени продукти.

Ограничувањето на цената на нафтата би било ефективно, бидејќи западните земји се тие што ги држат во свои раце важни услуги како осигурување за транспорт на нафта и други.

Сржта на идејата е да се принуди Русија во иднина да продава нафта на големите купувачи, како што е Индија, по многу пониска цена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проруски сепаратистички регион: Демонстранти насилно го окупираа парламентот, најавија рушење на владата

Јелен рече дека целта на ограничувањето на цената е да се намалат приходите што Русија може да ги искористи за да води војна во Украина.

Loading...