Според метеролозите, денес се очекува умерена облачност која попладне и навечер ќе донесе услови за повремен и сосема слаб локален дожд. Поверојатно е дека овие врнежи ќе бидат застапени во северната половина од земјата.
Малку посвежо ќе биде преку ден во котлините од југозападниот крај. Таму максималната ќе има вредност околу 17°С. Останатиоте места низ земајта е бидат малку потопли, со максимална околу 20°С. Најтопло ќе биде долж течението на Вардар, од 21°С до 24°С.
Во сабота се очекува повремено облачно време со локален дожд особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец и температура од 15 до 22 степени.
Недела ќе започне со променливо време и облачни периоди, додека во понеделник се очекува наоблачување со дождови во претпладневните часови и услови за грмежи попладне.
Максималните дневни температури ќе се движат од 17 до 25 степени на југ од државата.