Царинската Управа во Куманово спроведе контроли за проверка на акцизна стока

Сподели со своите пријатели

Во рамки на акцијата за откривање на нерегуларна продажба на акцизна стока, заеднички тимови на Царинската управа и Управата за јавни приходи во периодот од 27 – 30 јули извршија координирани контроли на 50-тина објекти каде се продава ваква стока (кафе барови, ресторани, маркети и продавници).

Loading...

cigari

Контроли беа спроведени во Велес, Куманово, Охрид, Ресен, Струга, Битола и Прилеп.

Во 13 објекти е откриена незаконска продажба на алкохолни пијалоци и цигари.

Притоа привремено се задржани околу 117 литри жестоки алкохолни пијалоци без или со странски бандероли за кои не е платена акциза и за кои не постојат документи за потекло и за здравствена исправност. Од нив 69 литри се домашна ракија, а остатокот се различни видиви жестоки алкохолни пијалоци (виски, узо, ракија, ликери и.т.н.).

Во една продавница во Струга, во бункер во подот под пултот за продажба, откриени се и 23 кутии цигари Marlboro и Prestige без и со странски бандероли.

Овие контроли се спроведуваат со цел да се обезбедат основните принципи за фер конкурентност, правилна наплата на буџетски приходи, но пред сé да се заштити здравјето на луѓето.

Како резултат на сите мерки поврзани со акцизите, што ги презема Царинската управа во континуитет, но и зајакнатите контроли на употребата на акцизните маркички, во периодот јануари-јули 2015 наплатени се приближно 15% повеќе акциза за тутун и тутунски производи отколку во истиот период во 2014 година.

Loading...

Акциите за откривање нелегална продажба на акцизна стока ќе продолжат и понатаму.