Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречија обид за нелегално изнесување на 6.800 евра, откако при контрола на патник откриле поголема сума непријавени девизи.
Лицето, како што информираат од Царинската управа, е македонски државјанин и на прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави, одговорил дека нема ништо за пријавување.
– При извршената контрола, во рачна торба на патникот биле пронајдени 8.800 евра, за кои лицето не поседувало никаков документ за потекло. Согласно Законот за девизно работење, на патникот вратени му се 2.000 евра, износ што може да се изнесе без да се пријави, додека останатите 6.800 евра се задржани, појаснуваат од ЦУ.
Против лицето, како што потенцираат од Царинската управа, поднесена е пријава за девизен прекршок.
Никола Ивановски