Цариниците спречија камионџии да изнесат 15.000 евра преку Табановце

Сподели со своите пријатели

Во два посебни случаи, во текот на изминатите денови мобилните тимови на Царинската управа откриле и спречиле износ на девизи преку Граничниот премин Табановце.

Loading...

Како што информираат од Царинската управа (ЦУ) станува збор за сума од 15.100 евра, коишто возачи на камиони сакале да ги изнесат од државата преку преминот Табановце без да ги пријават, криејќи ги во чорапи и на различни места во возилата.

– Во првиот случај се пронајдени вкупно 11.100 евра, од кои 7.000 евра биле скриени во чорапите на возачот, додека останатите девизи биле во неговиот паричник и во плико во кабината на возилото, информираат од ЦУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец крадел од паркирано возило

Во вториот случај, велат оттаму, се откриени 8 илјади евра кои возач на камион ги скрил во кабината на камионот под капакот на автоматскиот менувач.

Во двата случаи на возачите, инаку македонски државјани, им се вратени по две илјади евра, сума која можат слободно да ја изнесат од државата, додека останатите девизи се задржани.

Од Царинската управа додаваат и дека против лицата ќе бидат поведени соодветни прекршочни постапки.

Никола Ивановски