Цариниците на Табановце запленија 10.500 евра и 20 килограми тутун (фото)

Сподели со своите пријатели

Цариниците на Граничниот премин „Табановце“ изминатата недела запленија 10.500 евра и 20 килограми тутун во две одвоени контроли, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Во првиот случај 10.500 евра откриени биле при контрола на германски автомобил и личен претрес на возачот, македонски државјанин, пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. 12.500 евра се пронајдени во паричник покрај седиштето на возачот и во внатрешен џеб од неговата јакна, за кои не поседувал документи за потекло. Согласно законските прописи, на возачот му се вратени по 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот прекршок е поведена соодветна постапка.

 

Loading...

Devizi,Tabanovce

 

Во вториот случај запленети биле 20 килограми сецкан тутун, откриени на Железничката станица Табановце, при контрола на меѓународен патнички воз што сообраќал на релација Солун – Белград. Тутунот, чиј сопственик е непознат, е пронајден во 10 најлон кеси и 12 картонски кутии, скриени под седиштата на неколку купеа од возот.

Царинската управата ќе преземе соодветни мерки против овие лица.