Цариниците на Табановце открија сокриени девизи

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела и Велигденските празници, царинските службеници на ГП Табановце открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани облека и девизи.

Loading...

7.300 евра, откриени кај двајца патници, пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Во првиот случај, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, во мала торбичка и во новчаник, сместени во преградите на предните врати, пронајдени се вкупно 6.400 евра.

Во вториот случај, во џеб од панталоните на македонски државјанин, кој со чешки автомобил се пријавил за излез од државата се пронајдени 5.900 евра. Во двата случаи патниците не поседувале потврда за потекло на девизните средства. Согласно законските прописи на двајцата патници им  се вратени по 2.000 евра, износ што резиденти слободно  можат да го изнесат од државата.

55 парчиња облека (фустани, палта, блузи, кошули, хеланки и друго) и 1 употребуван мотор за патничко возило Опел, откриени на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на товарот на словенечки камион, натоварен со 10 употребувани возила, управуван од српски држвјанин, пријавен за влез во државата.

На прашање на царинските службеници, возачот пријавил дека носи стара облека и некои делови за возила. При извршената контрола, на задното седиште на едно од натоварените возила е пронајдена непријавената нова облека, а во друго возило е пронајден непријавениот мотор.

Leave a Reply