Шеснаесет килограми режан тутун и 8 штеки цигари Marlboro и Winston без акцизни маркички, се откриени во два одвоени случаи при контрола на два автомобили пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат, јавува Царинска Управа во неделниот извештај за заплени на граничните премини.
Во првиот случај, при контрола на германски автомобил со кој за излез од државата се пријавиле двајца грчки државјани, во фабричка преграда, под тапацирот на багажникот на возилото се пронајдени 8 штеки цигари Marlboro и Winston и 2 килограми режан тутун. Покрај тоа, во фабричка преграда помеѓу предните седишта, била пронајдена метална кутија за цигари во која биле откриени 12 семки од растението cannabis sativa.
Во вториот случај, при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, под патосницата пред совозачкото седиште на возилото се пронајдени 14 килограми режан тутун.