Цариниците на Табановце открија обид за шверц на девизи

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела и викендот, царинските служби на Табановце автопат открија обиди за шверц на девизи и останата непријавена стока.

Loading...

Во текот на минатата недела,  откриени се 7000 евра при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи македонски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Во џебот од панталоните на патникот се пронајдени 9.000 евра за кои не поседувал доказ за потекло. Согласно законските прописи на патникот му се вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата.

Motor,mot.pila,mobilna

 

Еден употребуван мотор од крос мотоцикл Bеta racing и 1 моторна пила Husqvarna 353, откриени од мобилните царински тимови, при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавениот мотор бил сокриен помеѓу личните работи на возачот во багажниот простор на возилото, додека моторната пила е пронајдена зад возачкото седиште

Leave a Reply