Цариниците на Табановце открија 300 килограми непријавено брашно

Сподели со своите пријатели

Како што информира Царинската Управа на РМ, во текот на изминатата недела, цариниците на ГП Табановце пронашле 300 кг брашно (30 вреќи од 10 кг), откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на српски автобус што сообраќал кон Грција.

Loading...

Брашното сокриено во тоалетот на автобусот било пронајдено при проверка за влез во државата. Автобусот бил во сопственост на возач по потекло од Србија.