Бурунди – државата во која 56 отсто од децата гладуваат

Сподели со своите пријатели

Бурунди (рунди: Burundi) или официјално Република Бурунди (Republika y’u Burundi) — мала држава во Источна Африка без излез на море. Државата се граничи со Руанда на север, Танзанија на исток и југ и со Демократска Република Конго на запад. Бурунди има вкупна површина од 27.830 километри квадратни со население од околу 8.700.000 жители. Главен град на државата е Буџумбура. Иако нема излез на море, Бурунди излегува на езерото Тангањика.

 

Loading...

 

Уште од пред пет века, територијата на Бурунди била населена од етничките групи Тва, Туци и Хуту. Преку двесте години Бурунди било владеено од Кралството Туци, но на почетокот на 20 век, Германија и Белгија ја окупирале територијата, вклучително и Руанда и таа била позната како колонија Руанда-Урунди.

Целиот регион бил во немири поради социјалните разлики помеѓу Туци и Хуту, што резултирало со граѓанска војна. Денес Бурунди е претседателска република. Државата е една од 10 најсиромашни држави во светот според приходот по глава на жител.

 

 

Според изворите, се смета дека на територијата на денешен Бурунди била населена уште пред околу 70.000 години, каде опстојувало племето Туа. Подоцна на овие простори живеела друга етничка група, позната како Хуту, која со текот на времето се преврнала во најголемо племе во реонот . Во текот на својата историја, од ова племе се развиле голем број на кралства кои постоеле до 15 век, кога се појавило племето Тутси . Ова племе го создало и основало кралството Бурунди, кое во текот од 1796 до 1850 година, во времето на Нтара Ругама доживеало големо проширување. Кон крајот на 19 век истото се распаднало.

Во текот на 1899 година, Бурунди била освоена од страна на Германија, колонизирана и вклулена во составот на Германска Источна Африка. Во 1916 година, во времето на Првата светска војна, земјата била заземена од Белгија. Во 1923 година Бурунди и Руанда станале белгиски територии под името Руанда-Буринди. По крајот на Втората светска војна, Белгија дозволила создавање на политички партии во земјата. Така биле основани две политички фракции: Унија за Национален прогрес и Христијанска Демократска партија. На 27 јуни 1962 година, ООН и го одземал имунитетот на Белгија врз Руанда-Бурунди, за да на 1 јули 1962 година Бурунди била прогласена за независна држава, како уставна монархија. По четири години земјата биле претворена во република. Во 1993 година се провеле првите демократски избори, по кое земјата била воведена во граѓанска војна помеѓу некогашните племиња Хуту и Тутси. Во тој конфликт загинале 300.000 луѓе за само една година.

Бурунди е една од најмалите држави во Африка која нема излез на море и е со екваторска клима. Државата се наоѓа во Долината на големите езера, поточно на големо плато. Средна надморска височина на државата е 1.700 m со пониски предели до границите. Највисокиот врв е Монт Хеха е со 2.690 m. и се наоѓа јужно од главниот град Буџумбура.

 

Loading...

 

Главна река во Бурунди е Нил Исто така, главен извор на вода е и езерото Викторија. Во југозападниот дел од земјата се наоѓа и езерото Тангањика.

Пределите на Бурунди се претежно земјоделски или се пасишта. Голем дел од пределите каде има населени места шумите исчезнуваат и настанува ерозија на земјата.  Како главен фактор за оваа појава е големиот број на население на земјата.

Политичкиот систем на Бурунди е претседателска република која се ослонува на повеќепартискиот систем. Претседателот на Бурунди е шеф на држава и шеф на влада. Во моментов во Бурунди има 21 политичка партија. На 13 март 1992, лидерот на Туци, Пиер Бујоја основал нов устав на Бурунди кој овозможил да се создаде повеќепартискиот систем.

Законодавната власт на Бурунди е дводомен парламент: транзиционалното собрание и сенатот. Транзиционалното собрание се состои од 170 членови. Според уставот, во собранието може да имаат пратенички места следните групи: 60% од пратеничките места се за Хуту, 40% за Туци, 30% за жени и три за Батва.

 

 

Бурунди е една од најсиромашните држави во светот. Ваквата состојба е како резултат на делумно неповолната географска положба, слаб правен систем, слабо образование и големата застапеност на болеста СИДА. Околу 80% од населението живее во сиромаштија. Низ текот на 20 век честа појава биле гладтта и недостатокот на исхрана и според Светстката програма за храна, 56.8% од децата гладуваат. Исто така според задоволството на живеење Бурунди е меѓу последните држави во светот.  Според тоа, Бурунди е зависна од странска помош.

Најголема индустрија во земјата е земјоделството, кое зазема 58% од вкупниот БНП. Најголем извор на приход е кафето што е 93% од вкупниот извоз на државата. Други земјоделски култури се памук, чај, пченка, банани и друго. Официјална валута е Бурундски франк и 1.184 франк во 2008 бил еднаков на еден американски долар.

 

 

Според проценка од 2008 година, Бурунди имало население од 8.691.005 жители. На демографската слика на Бурунди директно влијае боласта СИДА, но и голем број на Буринѓани се преселиле во странство како последица од граѓанската војна, така на пример САД примиле 10.000 Бурунѓани.

Поголем број Бурунѓани живеат во рурални средини и околу шест проценти од населението живее во урбаните средини. Густината на населението на Бурунди е 315 жители на метар квадратен. Околу 85% од населението се Хуту, 15 % се Туци и мал број има Твас.

 

Loading...

 

Според изворите за демографската структура на Бурунди, 70 % од населението се Христијани од кои католиците се 65 %, додека 5% се протестанти и англиканци. Покрај христијанството, втора најголема религија е локалната религија. Муслиманите се застапени со 10% од вкупното население.

Официјални јазици во државата се рунди (кирунди) и француски, но се зборува и свахили.

Културата на Бурунди се базира на локалната традиција и на влијанието на околните држави. Бидејќи полјоделството е главна индустрија во земјата, исхраната во Бурунди воглавно се состои од компир, пченка и грашок. Поради недостатокот на финансиски средства, месото не е често застапено во исхраната.

 

 

Главен елемент во културата е удирањето тапани и тоа е големо културно наследство. Покрај тапаните, танците се често придрижници на музиката за време на празници, прослави или културни настани.

Leave a Reply