Бујар Османи кандидат за претседател од ДУИ

Сподели со своите пријатели

Бујар Османи, актуелниот министер за надворешни работи ќе биде кандидат за претседател на ДУИ на претстојните претседателски избори.

Loading...

Ова денеска го соопшти лидерот на партијата, Али Ахмети.

Она што го истакна Ахмети во својот говор е дека кога ќе се отвори Уставот поради Бугарите, ќе бара внесување измена со која ќе се бира претседател според Бадентер, односно со 2/3 од гласовите, или двојно мнозинство.

Најави и дека ќе бара воведување функција заменик претседател.