Бугарија ја напушти коалицијата за помош на Украина

Сподели со своите пријатели

Бугарија се повлекува од коалицијата на земји кои ѝ даваат поддршка на Украина во одбрана од руската агресија, објави претседателот Румен Радев.

Со овој потег, Бугарија дополнително се дистанцира од мнозинството членки на Европската Унија кои ја поддржуваат Украина, објавува Блумберг.

Радев е критичен кон испраќањето помош

Радев, кој е познат како гласен критичар на испраќањето воена помош на Украина, постојано ги отфрла обвинувањата дека зазема проруски став во војната.

Тој нагласува дека се залага за „прагматични“ односи со Русија.

Иако учествуваше на претходните состаноци, Бугарија не испрати свој претставник на состанокот на коалицијата во Париз во понеделник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина отвори нов кластер на патот кон членство во ЕУ

„Ние не учествуваме во коалиција која инсистира на продолжување на финансиската и воената помош за Украина“, изјави Радев денес пред новинарите.

„Решението за овој конфликт не лежи во неговото продолжување со воени средства, туку во силна дипломатска мисија која конечно ќе ја запре ескалацијата“, додаде тој.