Буданов: Руската армија напредува, а Пентагон испраќа ракети GLSDB во Украина

Сподели со своите пријатели

Руските единици успешно напредуваат, меѓу другото кај Авдеевка во ДНР, изјави за телевизијата „Рада“ началникот на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, Кирил Буданов.

Loading...

„За наша жал, тие (руските трупи) имаат одреден напредок на полињата и во околината на Авдејевка“, рече тој.

Буданов додаде дека вооружените сили на Украина се во дефанзива од ноември минатата година.

Пентагон потврди дека има намера да испорача високопрецизни ракети GLSDB на Украина, но не е прецизирано кога тоа ќе се случи.

„Како што ветивме минатата година, ќе испорачаме копнени бомби со мал дијаметар во Украина како дел од Иницијативата за поддршка на Украина за безбедност (УСАИ)“, изјави портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер, пренесува Спутник.

Претходно „Политико“ објави дека испораките на споменатата муниција се можни уште во средата откако американската армија успешно ги тестирала иновативните ракети.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.