Вкупно 93 казни изрекла полицијата на подрачјето на Куманово во текот на изминатиот викенд, најмногу за пребрзо возење или возење под дејство на алкохол.
– На подрачјето на Куманово изречени се вкупно 93 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 32 санкции за возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол и 10 за управување возило без возачка дозвола, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Акциските контроли, додаваат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението на СВР Куманово.
Никола Ивановски