Бродскиот сообраќај во Ормутскиот теснец е ограничен

Сподели со своите пријатели

Бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец кон крајот на неделата падна под месечниот просек, поради растечките тензии меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, објави Танјуг.

Ормутскиот теснец е „под контрола и управување на Иран“, изјави вчера новоназначениот командант на иранската паравоена единица Басиџ.

САД вчера објавија дека би можеле да одржат поморска блокада на Иран на неопределено време и дека дополнително ќе го зголемат економскиот притисок врз Техеран по пропаѓањето на преговорите за прекин на огнот.

Според компанијата Кплер, вчера вкупно девет трговски бродови поминале низ Ормутскиот теснец, во споредба со пет претходниот ден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотресот во Колумбија: 281 жртва, речиси 4.000 повредени, десетици илјади куќи уништени

Иако сообраќајот се зголемил, тој останал под просекот од 12 бродови дневно што поминале низ теснецот во текот на август досега.

Од деветте бродови што поминале низ теснецот, пет влегле во Персискиот Залив, додека четири тргнале кон Оманскиот Залив, главно користејќи го водниот пат на иранска страна.

Националната нафтена компанија на Абу Даби објави дека два нејзини брода биле нападнати синоќа додека минувале низ Ормутскиот теснец.

Немаше извештаи за повредени, а Обединетите Арапски Емирати го обвинија Иран за нападите.

Вчера 19 трговски бродови со вклучени транспондери поминаа низ теснецот Баб ел-Мандеб, што е приближно исто како и претходниот ден, кога имаше 20, покажаа податоците на Kpler.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рекордни дождови ја погодија Јапонија. Има и жртви, 7.000 луѓе беа заглавени на аеродромот (ВИДЕО)