БРОДОЛОМ ВО ИТАЛИЈА: Најмалку 41 мигрант загинаа

Сподели со своите пријатели

Најмалку 41 мигрант загина откако мал брод, кој испловил од Сфакс, Тунис, се превртел и потонал додека пловел во Сицилискиот теснец.

Loading...

Трагедијата ја преживеале тројца мажи и една жена, кои биле спасени од бродот „Римона“, кој утрово ги префрлил на патролниот брод CP327 на крајбрежната стража, пренесе Анса.

Тие четворица, по потекло од Брегот на Слоновата Коска и Гвинеја, пристигнаа на Лампедуза.

Тие ѝ кажаа на крајбрежната стража дека 45 од нив го напуштиле Сфакс, вклучително и три деца, во четвртокот во 10:00 часот.

По околу шест часа пловење, металниот брод долг седум метри се превртел поради големи бранови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пентагон се огласи за мистериозните дронови над источниот брег на САД

Според преживеаните, сите мигранти завршиле во морето.

Само 15 имале елеци за спасување, но сепак се удавиле.

Според сведочењето на тројца мажи и една жена кои се во шок, меѓу нив имало и три деца.

Loading...

Ниту товарниот брод „Римона“ кој ги спаси, ниту патролните чамци на крајбрежната стража не ги виделе телата на жртвите бидејќи четворица од нив биле спасени вчера, неколку дена по бродската несреќа и на голема оддалеченост од местото каде што се случила трагедијата.