Брод со 18.000 тони украинска пченка пристигна рано утринава во пристаниште во северозападна Шпанија користејќи нова поморска рута што ја заобиколува руската блокада на Црното Море.
Loading...
Товарниот брод Алпила, кој превезувал пченка, утринава пред зори пристигна во шпанското пристаниште А Коруња и треба да се симне до вторник, пишува Си-Ен-Ен.
Тоа е прва пратка со украинско жито што по море стигна до северозападна Шпанија користејќи нова поморска рута отворена во Балтичкото Море за да се избегне блокирање на украинските пристаништа на Црното Море.