Британскиот министер за одбрана: Путин ја испрати војската во мелница за месо

Сподели со своите пријатели

Војната во Украина би можела да трае уште една година, изјави денеска британскиот министер за одбрана Бен Валас.

Loading...

Запрашан од новинарите дали ќе видиме уште 12 месеци вооружен конфликт по утрешната прва годишнина од војната, Валас рече: „Мислам дека да“.

„Русија покажа целосна непочитување и негрижа, не само за животите на украинскиот народ, туку и за сопствените војници“, рече Валас, додавајќи дека повеќе од 188.000 руски војници се убиени или ранети поради „катастрофалната грешка“ на Путин.

„Кога некој така ќе ја премине границата и ќе мисли дека е во ред да им го направи тоа на сопствениот народ, испрати своја војска во мелница за месо… Мислам дека нема да запрат“, рече Валас.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.