Британија воведе санкции за четворица руски бизнисмени

Сподели со своите пријатели

Велика Британија воведе санкции за четворица руски бизнисмени чии компании се поврзани со војната во Украина, соопшти денеска британското Министерство за надворешни работи.

Loading...

Меѓу санкционираните се и Александар Абрамов и Александар Фролом, кои Британија ги поврзува со рускиот бизнисмен Роман Абрамович, кој беше санкциониран од Лондон на почетокот на оваа година.

„Од денеска санкционираме уште четворица олигарси кои се стекнаа со привилегии поради нивното запознавање со Путин, а за возврат ја финансираат неговата воена машинерија“, изјави британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.

Тој изјави дека економскиот притисок со санкции против лица блиски до рускиот претседател Владимир Путин ќе продолжи до победата на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.