Британија: Украинската армија многу веројатно се повлекла од Соледар

Сподели со своите пријатели

Голема е веројатноста дека украинските сили се повлекле од Соледар, објави британското Министерство за одбрана во својот нов разузнавачки извештај.

Loading...

Во последното соопштение, министерството наведува дека до крајот на 16 јануари, украинските сили најверојатно се повлекле од регионот, оставајќи ја контролата над областа на руските сили, пред се на групата Вагнер.

Во извештајот понатаму се вели дека украинските сили можеби воспоставиле нови одбранбени линии на запад.

„Руското напредување кон Соледар се состоеше првенствено од силите на Вагнер и беше „операција за поддршка чија цел беше да се овозможи конечно заземање на поголемиот град Бахмут“, се вели во извештајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Макрон ја повика Русија на примирје за време на Олимписките игри, еве што им одговори Кремљ

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.