Британија: Нема да останеме без оружје за Украина

Сподели со своите пријатели

Британскиот министер за одбрана Бен Валас вели дека не постои ризик западните сојузници да останат без оружје за поддршка на Украина.

Loading...

Во разговор со новинарите, Валас рече дека „за разлика од Русија, која веќе се изолираше“, Западот може „да пренамени или создаде нов синџир на снабдување“.

„Тоа е она што го правиме сега“, додаде Валас.

На прашањето како НАТО ќе одговори на можна руска употреба на нуклеарно оружје, Валас рече дека не сака да шпекулира, додавајќи дека членовите на одбранбената алијанса редовно се состануваат за да обезбедат подготвеност „за сите можности“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.