Британец осуден на 15 години затвор за планирање терористички напад

Сподели со своите пријатели

Приврзаник на Исламската држава Луис Ладолоу, од британскиот град Рочестер, осуден е на 15 години затвор поради планирање напади со камион врз пешаци на прометна улица во Лондон.

Loading...

Ладлоу, кој преминал во ислам, признал дека е виновен за подготвување терористичко дели и собирање средства за т.н. Исламска држава на претходно одржаното сослушување, пишува АП.

Ладлоу планирал да изнајми возило и со него д аналета на луѓе во намера да убие околу 100 лица во областа која привлекува голем број туристи, соопштува обвинителството.

На неговата листа „потенцијални места за напад“ се наоѓал и музејот за возочни фигури Мадам Тисо и Катедралата на Свети Павл во Лондон.

Во мобилниот телефон на Ладлоу, кој е пронајден во одвод во неговиот дом во Рочестер, југоситочно од Лондон, се наоѓале фотографии со рачно напишани заклетви на ИД, како и видео снимка на која себе си се нарекува „Орел“ (The Eagle).

Обвинителството додава дека Ладлоу се обидел да патува на Филипини во 2018 година за да се приклучи на ИД, но дека во тоа го спречила полицијата на лондонскиот аеродром Хитроу.

Ладлоу е приведен во април минатата година и обвинет за планирање напади.

Leave a Reply