Бриселскиот аеродром се подготвува за транспорт на вакцини

Сподели со своите пријатели

Аеродромот во Брисел најави дека ги подготвува и прилагодува работните услови за увоз и извоз на вакцини против Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.

Loading...

Карго секторот на аеродромот, Брукарго, соопшти дека е воспоставена работна група “Брукјур“ која ќе соработува со произведувачите на вакцини за да се обезбеди брз, ефикасен и сигурен транспорт на вакцини против коронавирусот.

Конкретно аеродромот сака да обезбеди алатки со кои ќе се следи температурата во реално време во секој момент од транспортот, бидејќи одржувањето на температурата е од критично значење за секоја вакцина, за да не се оштетат активните супстанци што ги содржи.

Превозот на вакцини, објаснуваат од аеродромот во Брисел, е многу специфичен, некои вакцини треба да бидат транспортирани во “сув мраз“, додека други бараат конзервација на температура помеѓу два и осум целзиусови степени.

Според управата на аеродромот, бриселскиот располага со 30 илјади квадратни метри простор со контролирана температура, како и најголема површина за пристап до писта во Европа за сочувување на фармацевтски прозиводи.

Тања Милевска, Брисел

Leave a Reply