Брат и сестра со посебни потреби сами се грижат за двајца тешко болни родители

Сподели со своите пријатели

На улица Лесковачка во Куманово, во зградите лоцирани на самата раскрсница со ул. Б.Б Гуцман, во општествен стан живее четиричлено семејство, во кое двете деца по име Сузана и Нино се лица со посебни потреби, родени со ментална ретардација и пречки во развојот.

Loading...

Нино и Сузана цел живот живеат со своите родители, контактибилни се, делумно снаодливи во простор и време, но, нивниот живот добива поинаква димензија откако нивната мајка претрпе мозочен удар, додека нивниот татко пред неколку дена исто така останал во кревет, без децата да знаат за што се работи, затоа што на нивен апел до најблиската аптека да повикаат итна медицинска помош, добиле одговор од 192 дека тие не може да реагираат, затоа што треба да го прегледа матичен лекар.

11174877_10206619476824392_943772719009766098_n

Според кажувањата на фармацевтот кој што повикал итна медицинска помош за таткото на Сузе и Нино, од итната помош добил одговор дека тој дента е можеби десетто лице кое се јавува да побара помош, но тие не можат да сторат ништо за него.

Во моментот, целиот товар за грижа за семејството е свртена кон двете деца кои се во поодминати години и се претпоставува дека ситуацијата дома не е добра според жалењето на Сузана и Нино дека тие не можат да се снајдат најдобро со болните мајка и татко. Останува непознато колкави се финансиските средства со кои располага четиричленото семејство и дали тие пари се доволни само за купување на лекови за болната мајка.

Оттука, се молат надлежните институции да помогнат во изнаоѓање решение за состојбата на двете лица со посебни потреби, како тие би добиле институционална нега, а родителите, од кои таткото исто така е лице со посебни потреби ќе добие соодветна медицинска грижа.

Leave a Reply